Конте: Прашајте ја управата зошто го продаде Матиќ на најлутиот ривал

Менаџерот на Челси, Антонио Конте не е баш среќен со заминувањето на Немања Матиќ во редовите на Манчестер јунајтед.

Челси ги доведе во своите редови Мората, Бакајоко, Рудигер и Кабалеро, но остана без Матиќ кој за 40 милиони фунти замина во Јунајтед.

„Прашајте ја управата на клубот зошто го продаде Матиќ на големиот ривал“ – вели Конте, алудирајќи на тоа дека сигурно би посакувал Матиќ да остане меѓу „сините“, или пак да заминел во некој друг клуб.

Конте смета дека на неговата екипа, која оваа сезона ќе ја брани титулата, и недостасуваат уште неколку засилувања.

„Имаме мал избор на играчи. Еден нов фудбалер нема да биде доволен, потребни ни се уште засилувања“ – вели Конте.

Се вчитува...