Конте сака нов креатор во Интер, Ракитиќ или Стротман?

Италијанскиот калчолигаш Интер се уште не го составил посакуваниот тим за претстојната сезона во Серија А. Тренерот Антонио Конте посакува нов напаѓач, но размислува и за засилување на средниот ред. По заминувањето на Раџа Наинголан, тој сака да доведе нов креатор на играта.

Како што откриваат медиумите на Апенините, Конте има две желби. Првата е Иван Ракитиќ од Барселона и тој ќе почека уште неколку дена за клубот од „Камп Ноу“ да ги спушти финансиските барања за негов трансфер. Втората опција е Кевин Стротман, поранешниот играч на Рома, кој сега е член на Олимпик Марсеј.

Ракитиќ би го чинел Интер околу 40 милиони евра, а Стротман би го добиле и за двојно помала сума.

Се вчитува...