Конте: Сакам уште долго да го водам Челси

Интер е подготвен да му плати на Антонио Конте над 10 милиони евра годишна плата, но ниту тоа не е доволно за италијанскиот стратег да се раздели од Челси. Конте на денешнaтa прес-конференција уште еднаш потврди дека нема намера да си замине од „Стемфорд бриџ“, откако сезонава оствари фантастичен успех носејќи го овој тим на чекор до титулата, што може да биде осигурана веќе претстојниот викенд.

Свесен сум за интересот од Интер, но моја желба е уште долго да го водам Челси. Имам уште две години од актуелниот договор и сигурно наскоро ќе зборуваме и за продолжување на соработката. Не размислувам премногу за тоа, насочен сум на освојувањето на титулата и испишување на историја со мојот сегашен клуб“ – изјави Конте.

Челси утре го очекува гостувањето против ВБА, меч на кој победа значи и математичко освојување на шампионската титула.

Моја желба е да станеме шампиони што поскоро. Ова беше фантастична сезона, одлично ќе биде да освоиме нови три бода како круна на сето она што го остваривме досега. ВБА ни создаде многу проблеми на првиот меч во Лондон, така што ќе мораме да бидеме максимално фокусирани ако сакаме да стигнеме до посакуваната победа“ – истакнува стратегот на „сините“ од Лондон.

Се вчитува...