Лацио обезбеди пласман во четвртфиналето од Купот на Италија откако римскиот клуб вечерва на „Олимпико“ триумфираше над Наполи со 3-1. Тијани Нослин беше херојот на „лацијалите“ на овој меч, со хет-трик носејќи го својот тим до голем триумф над незгодниот ривал.
„Наполитанците“ се лидери во првенството, па Конте реши да се коцка на овој дуел оставајќи голем дел од клучните играчи на клупата за резерви. Лацио имаше промашен пенал при 0-0, а дури по трите гол на Нослин во игра влегоа Мектоминеј, Ди Лоренцо и Политано, по нив и Лукаку, но веќе беше предоцна за нешто да се промени и Лацио заслужено стигна до билет за четвртфиналето.
Следен противник на „лацијалите“ во Купот на Италија ќе биде подобриот од дуелот Интер – Удинезе.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА