Антонио Конте се поизвесено ќе биде наследникот на Франческо Калцона на клупата на Наполи, на крајот на сезоната.
Конте веќе еднаш ја одби можноста да седне на клупата на Наполи, но Де Лаурентис се чини го убеди да го преземе неговиот тим. Според италијанските медиуми, веќе е договорена тригодишна меѓусебна соработка а договорена е и платата на Конте. Наполи подготвува и дополнителни бонуси за него ако успее да ја врати титулата во Неапол.
Се најавуваат и нови звучни имиња во Наполи, меѓу кои и Ромелу Лукаку, кој соработуваше со Конте во минатото. Лукаку во моментов е позајмен во Рома од Челси, а Де Лаурентис го гледа како замена за Виктор Осимен, кој следната сезона се очекува да има нов клуб во трансфер вреден преку 100 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА