Конте се пожали, Интер веднаш подготви три засилувања

Антонио Конте и по последната победа над Болоња се пожали дека нема доволно голем ростер за да атакува на трофеи, потенцирајќи дека целиот товар паѓа врз истите фудбалери и ризикот од повреди станува преголем. Веднаш потоа следеше поразот од Борусија Дортмунд во ЛШ, по што директорите на „нероаѕурите“ се фатија за работа и почнаа преговори за да го засилат тимот во зимскиот преоден рок.

Медиумите во Италија јавуваат дека на листата со желби се наоѓаат тројца фудбалери, предводени од Оливие Жиру. Французинот е несреќен откако стана трета опција во Челси, зад Абрахам и Батшуаи, а според информациите од Апенинскиот полуостров тој се согласил на преселба во Интер, каде би бил резерва на Ромелу Лукаку.

Голема желба на „нероаѕурите“ е и младиот Кулушевски, кој игра извонредно во дресот на Парма. Станува збор за играч за кого Конте има високо мислење, а директорот Марота веќе подготвил 30 милиони евра за да се обиде да го доведе овој играч со македонски корени на „Џузепе Меаца“. Покрај Кулушевски, Интер е во преговори за уште еден играч на Парма, дефанзивецот Матео Дармијан. Тој беше поврзуван со Интер и додека ја греешка клупата на Манчестер Јунајтед, во меѓувреме ја прифати понудата на Парма, но лесно може да се случи да се пресели во Милано.

Се вчитува...