Конте: Шахтјор е најсилниот тим со кој се соочуваме во Лига Европа

Интер и Шахтјор ќе го дадат вториот финалист во фудбалската УЕФА Евриопа Лига кој во битката за трофејот ќе се соочи со Севилја. Интер е тимот кој оваа сезона има најсилна одбрана во ЛЕ. Има примено само еден гол на последните шест натпревари, дополнително го има Ромелу Лукаку кој буквално на моменти е незапирлив за противничките тимови. Италијанскиот тим сепак ќе мора да направи подобрување, конкрето во сегментот на користење на шансите бидејќи на овој дуел, за пропуштените прилики може да плати превисока цена.
„Имаме огромна почит за Шахтјор. Се соочуваме со тим кој си изгради реноме низ годините и добро сме подготвени. Шахтјор е најсилниот противник за нас во оваа сезона одЛигата Европа, но ние сакаме да покажеме дека има причниа зошто сме во полуфиналето и дека наша цел е пласман во финалето“ – најавува пред мечот, тренерот на Интер, Антонио Конте.
Шахтјор е во серија од 11 натпревари без пораз, има победи на девет од нив. Филозофијата кај украинскиот шампион во принцип е иста од периодот кога Мирчеа Луческу го формираше напаѓачкиот стил базиран на посед на топката, градењето на нападот уште од назад, течното додавање во средината и молневита пенетрација во финалната третина. Луис Кастро го направи тимот побрз во транзицијата и уште подиректен. Тоа најдобро го знае Базел кој загуби 4-1 од Шахтјор во четвртифналето.
„Се подготвуваме за овој натпревар водени од желбата за пласамн во финале. Играме против навистина силен тим и нема да бидеме изненадени. Антонио Конте создава интересна динамика, играат комплексно и во нападот и во одбраната и  во транзицијата. Но, ние сме подготвени за тоа“ – вели предводникот на Шахтјор, Кастро.
Интер и Шахтјор имаат одиграно две меѓусебени пресметки во третото квалфикациско за Лигата на шамионите во сезоната 2005/06. инте ја доби пресметката во гости со 0-2, а на реваншот беше 1-1. Победникот од вечерашната пресметка в петок против Севилја ќе се бори за трофејот во вторто по ранг европско клупско натпреварување.

Се вчитува...