Конте: Штета, примивме гол кога бевме најдобри…

Стратегот на Интер, Антонио Конте, не го криеше разочарувањето што неговиот тим не стигна до цел плен на гостувањето против Лацио (1-1). „Нероаѕурите“ имаа водство, но примија гол во второто полувреме, по што не успеаја да постигнат и втор погодок и покрај неколкуте шанси шато ги создадоа.

„Искрено ми е жал, примивме гол кога бевме најдобри. Доминиравме на теренот, создававме убави шанси, а тогаш одеднаш Милинковиќ Савиќ со глава ја затресе нашата мрежа. Ја загубивме самодовербата за момент, но потоа се вративме и доминиравме во финишот. Немавме среќа, Брозовиќ го погоди дирекот во последните моменти, но севкупно гледано сум задоволен од квалитетот на играта, од покажаниот карактер. Сето тоа е доказ дека се наоѓаме на вистинска патека“, истакна Конте.

Интер во следното коло по репрезентативната пауза го очекува големото градско дерби против Милан.

Се вчитува...