Тренерот на Наполи, Антонио Конте засекогаш ќе остане запаметен под сводовите на стадионот „Диего Армандо Марадона“, носејќи ново Скудето за „наполитанците“ – второ во последните три години.
По Лучијано Спалети, Конте им донесе голема радост на „наполитанците“ оваа сезона, но и за себе ако се знае дека ова беше негова 10-та титула во Серија А вкупно.
„Се случи повторно, и е прекрасно. Кога се приближувавме кон стадионот, беше тешко да се влезе. Не знам колку луѓе имаше таму. Мислев дека ако ги разочараме, ќе го носиме тоа со нас долго време“ – рече Конте по синоќешната победа над Каљари, и додаде:
„Момците беа фантастични. Не беше лесно, притисокот врз нас беше ненормален. Неверојатна сезона е зад нас и играчите заслужуваат почит што решија повторно да се предизвикаат себеси, особено оние што ја освоија титулата пред две години, а потоа завршија на 10. место“.
Тој прифати работа за која не беше сигурен дека може да ја заврши.
„Тоа сигурно беше најнеочекуваниот, најтешкиот и најстимулативниот предизвик во мојата кариера. Дојдете тука и обидете се да вратите сè на вистинскиот пат по таква сезона и да ги убедите најдобрите играчи да останат и дека можеме да направиме нешто позитивно“ – објаснува италијанскиот стручњак.
Не беше лесно…
„Искрено, тешко е да се освојуваат трофеи во Наполи, поради огромниот притисок. Фактот дека овие играчи го направија тоа двапати во три години е нешто посебно. Среќен сум за нив. Пред 30 години Диего Армандо Марадона ја освои титулата, а сега Ди Лоренцо како капитен повторно го крена трофејот. Тоа е посебно“ – заклучи Конте.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА