Челси потфрли во првиот обид да го доведе Рос Баркли на „Стемфорд бриџ“, Евертон одби 25 милиони евра за фудбалерот од средниот ред. Антонио Конте се обидува да доведе и трет англиски репрезентативец во составот, откако преговорите со Окслејд-Чембрлен и Дринквотер се во завршна фаза. Како што известува британскиот „Телефграф“, „сините“ ќе ја добијат битката со Тотенхем за потписот на Баркли, но само ако ги исполнат условите на клубот од Мерсисајд.
Евертон се надева дека ќе изнуди повисока сума за услугите на 23-годишниот играч за врска, иако засега ниту еден клуб нема намера да издвои ни приближно до 50 милиони фунти. Баркли веќе долго време се надева на преселба вон „Гудисон Парк“, комлетно е отпишан од плановите на Куман, а по сите изгледи ќе си ја оствари желбата на неколку дена пред крајот на преодниот рок.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА