Конте за инцидентот меѓу Лукаку и Брозовиќ: Ги разбирам, крвта им работи, и мене ми се случуваше како играч

Интер синоќа во дербито на 4. коло од Серија А славеше со 2-0 против Милан доаѓајќи до четвртата победа во исто толку натпревари во новата сезона. А, головите ги постигнаа Брозовиќ и Лукаку.

„Лукаку може да ни даде и уште повеќе. Тоа веќе го кажав. Има 26 години, ако продолжиме добро да работиме со него ќе стане исклучително значаен за клубот. Го имаме Лаутаро Мартинез со 22 години, така да мора да им помагаме на помладите да растат и напредуваат“ – истакна Антонио Конте по мечот.

Но, новинарите ги интересираше и што се случувало во соблекувалната меѓу Лукаку и Брозовиќ кои пред неколку денови биле пред физичка пресметка по ремито со Славија Прага.

„Јас ги обожавам и двајцата. Некогаш сум лут на нив затоа што се предобри на теренот. Мора да бидат малку подрски, полукави. А, што се однесува до караницата…. Па, се случуваат такви епизоди, но тоа само значи дека крвта им работи. Тоа ми се случуваше и мене како играч, и сосема ги разбирам“ – вели Конте.

Се вчитува...