Конти повторно се повреди, Ромањоли „фит“ за дербито со Јувентус

Дефанзивецот на Милан Андреа Конти, ќе мора одново да паузира откако се здоби со нова повреда на денешниот тренинг со тимот. Засега не е познато за каква повреда се работи, се чекаат резултатите од првите медицински прегледи за да се одреди сериозноста на повредата и колку време ќе мора да одмора.

Италијанскиот дефанзивец се врати во составот на мечот против Киево пред репрезентативната пауза, но не настапи, откако претходно се опоравуваше од тешка повреда на лигаментите која го примора да пропушти голем дел од оваа сезона.

Сепак, за Џенаро Гатузо има и добри вести. Дефанзивецот Алесио Ромањоли ги отстрани сите проблеми со повредата на мускулот која го спречи да ги обави репрезентативните обврски со Италија. Ромањоли е „фит“ и ќе биде во конкуренција за настап против Јувентус во големото дерби во следното коло од Серија А.

 

Се вчитува...