Контроверзен „тик-ток“ му ја заврши кариерата на Марио Геце во Борусија Дортмунд

Марио Геце следната сезона нема да продолжи со Борусија Дортмунд објави клубот изминатиов викенд. Интересна е наводната причина поради која бундеслигашот решил да не му понуди продолжување на соработката.

Наводно му пресудиле неговите објави на социјалните мрежи, а најмногу тик-ток видеото снимено со неговата сопругра Ан-Катрин на кое тие си ги разменуваат алиштата и на крајот Марио завршува облечен во фустан со леопардски принт. Ова вооопшто не му се допаднало на раководството на Борусија Дортмунд. Преговорите за продолжување на договорот секако беа спорни уште и пред појавувањето на ова видео.

27-годишниот Геце ќе мора да прифати нов предизвик во кариерата, а има неколку опции. За него се заинтересерани неколку клубови од Премиер-лигата како Евертон и Вест Хем, а и клубови од Серија А го бараат херојот на германската репрезентација од Светското првенство во 2014 година.

 

 

 

Се вчитува...