Контроверзи на српското „вечно дерби“: Црвена Звезда поведе со нерегуларен гол, Партизан израмни во финишот

Црвена Звезда и Партизан одиграа 1-1 во 153.вечно дерби на српскиот фудбал, што се одигра на стадионот „Рајко Митиќ“. По ова црвено-белите“ и понатаму имаат шест бода предност на врвот на табелата во шампионатот на нашиот северен сосед.

Но, дербито беше исполнето со контроверзи. Црвена Звезда поведе со нерегуларен гол кој го постигна Канга во 34.минута. Претходно, топката беше излезена во гол – аут, меѓутоа судијата остави играта да продолжи, а домаќинот тоа успеа да го искористи за да поведе.

Во самата завршница, Урош Ѓурѓевиќ со погодокот во 87.минута му донесе реми на Партизан и го остави во трката за шампионската титула.

Се вчитува...