Контроверзна прослава на голот на Роналдо против Наполи… (ВИДЕО)

Во одличен натпревар Јувентус славеше против Наполи со 4-3 во големата дерби пресметка во Серија А. Еден од стрелците за „Старата дама“ беше и Кристијано Роналдо.

Јувентус водеше со 3-0 на 30 минути пред крајот на мечот, но гостите успеаја да израмнат за да домашните со автогол на Кулибали во судиското продолжение стигнат до победата. Роналдо својот гол го постигна на асистенција на Даглас Коста, а голот го прослави на контроверзен начин со доста полемика.

Ѕвездата на Јувентус имитираше ВАР, алудирајќи така на ситуацијата од минатото коло кога поради неколку милиметри му беше поништен гол против Парма…

 

Се вчитува...