Контроверзниот Антонио Касано му се враќа на фудбалот?!

Контроверзниот италијански напаѓач Антонио Касано размислува да му се врати на професионалниот фудбал,  и тоа во својот поранешен клуб Парма. Тој нема играно активно веќе две години, но би сакал повторно да заигра и тоа во дресот на Парма, за која настапуваше во периодот од 2013 до 2015 година.

36-годишниот Касано самиот се понудил кај раководството на Парма. Популарниот Фантантонио во својата кариера играше и за Реал Мадрид, Милан, Интер, Рома, Сампдорија, а се повлече од терените како фудбалер на Верона.

Се вчитува...