Контроверзниот Кирјос призна: „Намерно го гаѓав Надал со топче, судијата беше ужасен“

Австралискиот тенисер со грчко потекло Ник Кирјос истакна по вчерашниот пораз во 2. коло на Вимблдон дека намерно го гаѓал Рафаел Надал во градите затоа што, како што рече, „има голем број грандслемови и може да прими некое топче во градите“.

„Сакав да го погодам во градите. Зошто би му се извинил? Колку грандслемови има? Може да прими топче на гради“ – рече Кирјос, кој не го прескокна ниту судијата со кого имаше постојано вербални судири за време на мечот.

„Судијата беше ужасен. Зошто јас би го чекал Рафа да се намести кога сервирам? Толкави паузи не се нормални“ – рече Кирјос.

Факт е дека Рафаел Надал користеше преголема пауза меѓу поените за што Кирјос постојано реагираше, но неговите забелешки не беа прифатени од главниот судија.

Се вчитува...