Икарди и Ванда можат да заглават во затвор во Аргентина?!

Најконтроверзниот пар Мауро Икарди и Ванда Нара после бурата околу прељубата и разводот, сега се најдоа во уште поголем проблем, откако во Аргентина се обвинети за перење пари и структурна и институционална корупција и криминал.

Според „Кориере дело Спорт“, на удар е компанијата „Ворлд Маркетинг Фудбал ЛТД“, сопственост на аргентинскиот пар која ја управува Ванда и е со седиште во Италија, а преку неа Аргентинката го раководи бизнисите за нејзиниот бренд, но и сите бизниси во кои е вклучен Мауро.

Сега против нив е поднесена жалба до судот за перење пари поврзани со Ванда бренд и Ванда Нара козметикс, најмногу во делот и со избегнувањето на даноците. Пријавата за перење пари ја поднел Фернандо Мигез, сопственик на Фондација до централниот суд.

Доколку бидат прогласени за виновни Мауро и Ванда би можеле да добијат и затворска казна.

Се вчитува...