Контроверзниот српски тренер Лалатовиќ избркан и од Саудиска Арабија

Контроверзниот српски тренер Ненад Лалатовиќ не издржа долго ниту во Саудиска Арабија.

Лалатовиќ изминатово лето по само неколку денови работа го напушти Раднички Ниш откако претходно беше избркан од Војводина, и замина на работа во Саудиска Арабија во екипата на Ал Батен.

Сепак, по само осум натпревари Лалатовиќ доби отказ во Ал Батен. Неговата екипа во тој период запиша само една победа, за претпоследно место на табелата.

Во својата тренерска кариера беше на клупата на Пролетер, Вождовац, Напредак, Црвена Звездам Борац Чачак и Војводина, а беше и селектор на младата репрезентација на Србија на ЕП 2017 во Полска кога беше во група со Македонија.

 

Се вчитува...