Контроверзно дерби со триумф на Шкендија, Ренова и Шкупи спасија бод во последен час

Лидерот на табелата Шкендија го совлада Вардар со 1-0 во големото дерби во Тетово, но вардарци се драстично оштетени за погодокот на Филип Најдовски, кој не беше признат во 38.минута од дуелот. Омар Имери во 23.минута го донесе домаќинот во водство, но петнаесетина минути подоцна се случи големиот пропуст на судиите на чело со Димитар Мечкаровски.

Филип Најдовски упати проектил од 35 метри, топката удри во гредата и падна зад гол – линијата, а потоа излета внатре во полето. Мечкаровски, ниту неговите асистенти крај гол – линијата, не реагираа и не го признаа погодокот. Оваа одлука може да биде и кобна за целиот тек од шампионатот и трката за титулата.

Самир Фазли во 42.минута имаше одлична шанса, но Гачевски беше на вистинското место, а во 55.минута со удар од далечина се закани Бејтулаи.

Работнички и Ренова одиграа 1-1 на арената „Филип Втори“. Петар Петковски во 45.минута беше стрелец на водечкиот гол за „романтичарите“. Тимот на Жикица Тасевски од 67. минута остана со играч помалку откако Милован Петровиќ доби црвен картон за играње со рака на гол-линијата.

Беше досуден пенал за Ренова, но Влатко Стојановски шутираше над голот. Сепак, во судиското продолжение од мечот, Ненад Мишковски успеа да го израмни резултатот.

Академија Пандев ја совлада Македонија ЃП со 3-0. Љупчо Дориев од пенал во 12.минута донесе водство, Марио Крстовски зголеми на 2-0, а третиот гол беше дело на Ацо Стојков во 73.минута.

Силекс в0о судиското продолжение пропушти победа против Шкупи во Кратово и одигра  2-2. Бобан Георгиев и Марко Рајковиќ во првиот дел обезбедија два гола предност за кратовци, а Стефан Коцев во 76.минута си постигна автогол. Сепак, Силекс освои важни три бода. Сепак, во судиското продолжение Артан Велиу постигна израмнувачки погодок за 2-2.

Победа и Беласица во Кичево ремизираа, 1-1. Трајче Ефремов во 19.минута обезбеди водство за Победа, но само две минути подоцна израмни Пепи Георгиев.

ПРВА ЛИГА, 19.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ

ШКЕНДИЈА – ВАРДАР 1-0

РАБОТНИЧКИ – РЕНОВА 1-1

АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – МАКЕДОНИЈА ЃП 3-0

СИЛЕКС – ШКУПИ 2-2

ПОБЕДА – БЕЛАСИЦА 1-1

Табела: Шкендија 43, Вардар 35, Академија Пандев 33, Работнички 27, Шкупи 24, Ренова 22, Македонија ЃП 21, Силекс 19, Победа 18, Беласица 18.

Се вчитува...