Копанхаген е далеку од посакуваната форма во данскиот шампионат, а тренерот Солбакен згора на тоа се мачи со повреди на фудбалерите во пресрет на реваншот од Лигата на шампионите против Вардар.
Имено, на денешниот дуел со Хобро данскиот првак остана без помошта на Николај Боилесен, кој мораше да биде заменет откако се пожали на болки во градите. Копенхаген на официјалната веб-страница објави дека станува збор за скршено ребро, поради што Боилесен ќе паузира најмалку еден месец, па јасно е дека тој дефинитивно ќе го пропушти реваншот со Вардар.
Станува збор за еден од најдобрите дефанзивци на Копенхаген, играч кој вообичаено дејствува по левата страна, но на првиот дуел во Скопје настапи како десен бек.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА