Копиќ останува тренер на Ристовски и Адеми до крајот на сезоната

Раководството на Динамо Загреб донесе одлука Жељко Копиќ да остане тренер на Ристовски и на Адеми до крајот на сезоната. Истовремено донесена е одлука Копиќ да ја извршува и функцијата спортски директор.

„На тренерот Копиќ му посакуваме многу успеси и добри резултати со нашиот тим во продолжение на сезоната“, се наведува во краткото соопштение од Динамо.

Ова се очекувало уште откако клупата ја напушти Дамир Крзнар. Копиќ освен поразот од Хајдук, ги совлада Вест Хем и Истра, како и Хрватски Драговољац и стана есенски првак. Со тоа покажал дека заслужува шанса и на пролет.

Се вчитува...