Корејците ќе распишат потерница по Роналдо?

Полицијата во Сеул отвори истрага против Кристијано Роналдо за да утврди дали фудбалерот направил измама со тоа што не настапил за Јувентус на пријателскиот меч против корејскиот олстар-тим. Португалецот се појави на стадионот, но целиот натпревар го следеше од клупата за резерви, оставајќи ги разочарани бројните корејски фанови кои се надеваа дека во живо ќе го видат својот идол како игра.

Се почна од интернет-кампања што за неколку часа ја потпишаа над 2.000 лица, по што полицијата реши да го разгледа случајот. Под истрага се наоѓа и компанијата „Ла Фаста“, која беше организатор на фудбалскиот спектакл.

Доколку се утврди дека станува збор за намерна манипулација, за фудбалската мегаѕвезда ќе биде распишана и потерница со оглед на фактот дека за ваков случај може да се добие и затворска казна до шест месеци. Добра вест за Роналдо е што дури и доколку тоа се случи, потерницата нема да може да ја преземе „Интерпол“,од каде работат на случаи за кои следи минимум една година затворска казна.

Се вчитува...