Корејците се извинија поради скандалот на отворањето на Олимписките игри

Јужнокорејската телевизиска мрежа се извини на јавноста откако за време на преносот на церемонијата на отворањето на Олимписките игри во Токио при описот на земјите кои учествуваат на Игрите користеше неприкладни фотографии и написи.

Режисерот на тв-преносот се одлучи да користи фотографии од пици како би ја опишал Италија, слики од Чернобил како најава за Украина, лосос за Норвешка, и тоа во моментите кога спортистите на тие земји се појавуваа на стадионот во рамките на свеченото отворање.

Па така, оваа ТВ-мрежа, на пример, Маршалските острови ги означи како „нуклеарен полигон за САД“ а Сирија како земја на граѓанска војна која трае веќе десет години.

Сето тоа наиде на жестоки критики во светската јавноста, па МБЦ-мрежата на крај се извини за сето тоа истакнувајќи дека сепак бил „несоодветен начинот на најава на земјите“.

Се вчитува...