Kореографија на навивачите на Милан: Порака до газдите – “Go Home”

Милан со вечерашниот дуел со Монца ја комплетира катастрофалната сезона во која „росонерите“ го освоија само Супер-купот на Италија, но со слабите изданија во Серија А не обезбедија учество во европските купови за следната сезона.

За навивачите нема сомнеж, виновни се американските газди на клубот, па пред вечерашниот дуел на трибините беше подготвена специјална кореографија – голем дел од навивачите се повлекоа, а оние кои останаа испишаа порака „Go Home“ (Одете си дома).

Јасно е дека таа е наменета до луѓето кои го водат Милан, кои тешко дека ќе инвестираат посериозни пари во нови засилувања откако буџетот стана уште полимитиран со неиграњето во Европа.

Се вчитува...