Кори Гоф е „новата кралица“ во Њујорк

Американската тениска надеж Кори Гоф е новата шампионка на последниот гранд-слем турнир во сезоната УС опен.

Популарната Коко во феноменалното финале на „Артур Еш“ стадионот славеше над Белорусинката Арина Сабаљенка со 2-1 по сетови 2-6, 6-3 и 6-2.

Белорусинката подобро го отвори мечот и експресно поведе со 0-1 откако славеше со 2-6. Сабаљенка имаше брејк топки и во првиот гем во вториот сет, но Гоф успеа да се извлече, а потоа натпреварот имаше само еден тек. 6-3 и 6-2 во последниот сет за прв грандслем трофеј за тенисерката кои многумина ја нарекуваат наследничка на Серена Вилијамс.

Се вчитува...