Корона, чао: Стоилов се врати на тренинзите на Вардар

Македонскиот ракометен репрезентативец Стојанче Стоилов го победи коронавирусот, па по негативното тестирање конечно се врати на тренинзите на Вардар. Големиот ас беше надвор од тренажен процес откако беше утврдено дека е позитивен на Covid-19, Стоилов последните дваесетина дена ги мина во самоизолација иако немаше посериозни симптоми на болеста.

За среќа, последното тестирање дало негативен резултат, по што Стоилов веднаш му се стави на располагање на тренерот Стевче Алушовски, на неколку дена пред стартот на сезоната во Лигата на Шампионите.

„Повторно на тренинг… Капитенот @sstole555 им се приклучи на соиграчите и комплетниот тим се подготвува за првиот предизвик во лигата на шампионите… Екипата патува во вторник за Белорусија каде во Брест во среда на 16 септември ќе го игра првиот меч од @ehfcl“, објави Вардар.

Се вчитува...