Корона-хаос во ЛШ во ракомет: Одложени средбите на Манасков и на Лазаров

Двајцата македонски интернационалци Дејан Манасков и Кире Лазаров нема да ги играат предвидените натпревари од петтото коло во Лигата на Шампионите. Причина е ширењето на коронавирус, поради што ЕХФ денеска објави дека ги одлага натпреварите Веспрем – Барселона и Нант – Мотор, а новите датуми на нивно одигрување ќе бидат дополнително објавени.

Првиот „позитивен“ во Барселона беше Данецот Каспер Мортенсен, петочните тестирања покажаа три нови позитивни случаи кај каталонскиот гигант, по што целиот тим беше префрлен во самоизолација. Каталонците немаа шанса за патување во Унгарија, по што беше донесена одлуката за одложување на оваа средба.

Ракометарите на Мотор се наоѓаат во самоизолација и не можат да патуваат во Франција, тројца заразени играчи има и во таборот на Нант, по што ЕХФ реши воопшто да не ризикува и да го одложи и овој натпревар.

Се вчитува...