Корона хаос во репрезентацијата на Србија пред ЕП

Ракометната репрезентација на Србија се соочува со големи проблеми пред стартот на Европското првенство во Унгарија и Словачка. На последното тестирање дури шест лица, двајца ракометари и четири членови на стручниот штаб биле позитивно на коронавирус.

Се работи за голманот Владимир Цупара и крилото Богдан Радивојевиќ, како и селекторот Тони Џерона, тренерот на голманите Димитрије Пејановиќ, физиотерапевтот Петар Радуловиќ и шефот на делегацијата Милорад Кривокапиќ. Сите се во добра состојба и со благи симптоми на вирусот.

Поради ковид ситуацијата двата подготвителни натпревари против Германија кои требаше да се играат на 7. и 9. јануари ќе бидат откажани. Србија на шампионатот се наоѓа во групата Ц заедно со Франција, Хрватска и Украина.

Се вчитува...