Корона-лудилото во Џенова продолжува: Уште тројца позитивни фудбалери

Најновите резултати од тестирањата од Covid-19 донесоа и нови позитивни случаи во редовите на Џенова, каде уште тројца фудбалери се заразени од коронавирус. Италијанските медиуми објавија дека Кришито, Малес и Бираски се најновите играчи кои се позитивни од тимот на Горан Пандев, каде Македонецот е меѓу ретките со сите негативни тестови досега.

Вкупната бројка на заразени фудбалери во Џенова се искачи на 17, а среќна околност за овој тим е што беше одложен денешниот дуел со Торино.

Останува да се види дали најновиот негативен тест ќе биде доволен за Пандев конечно да добие зелено светло за да си замине од Џенова (има решение за самоизолација кое треба да биде поништено за да може да патува) и да дојде во Македонија за да настапи за нашиот национален тим на дуелот со Косово во завршницата од Лигата на Нации.

Се вчитува...