Ракометната репрезентација на Македонија вечерва ќе ги стартува подготовките за двата квалификациски натпревари за ЕВРО 2020 против Финска и Швајцарија. Пред почетокот на подготовките се појави и првиот позитивен случај на коронавирус во таборот на црвено-жолтите. Се работи за тренерот на голманите Александар Царчев кој на својот фејсбук профил објави дека е ковид-позитивен.
„Би сакал да ја информирам јавноста дека ден пред собирот на репрезентацијата сум позитивен на Ковид-19 асимптоматски. И покрај сите протоколи за заштита од оваа пандемија никој не е сигурен и имун на ова зло. Чувајте се сограѓани и со лесно нека е и со помин. Единствено жалам што во моментов не можам да и помогнам на репрезентацијата за претстојните квалификации со Финска и Швајцарија. Се надевам дека нашите голмани ќе бидат на висина на задачата и како и секогаш ќе допринесат за успешен резултат. Спортски поздрав до сите и после 10 дневниот карантин повторно се гледаме на терен“, напиша Царчев на фејсбук.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА