Короната најголем противник на Франција на ЕП 2022 – нови позитивни случаи на Ковид-19

Ракометната репрезентација на Франција се соочува со огромни проблеми во пресрет Европското првенство 2022. „Триколорите“ при новите теситрања за коронавирус потврдија нови пет позитивни случаи со што сега бројката се искачи на вкупно осум.

Како потсетување, по петочните тестови позитивни тестови имаа Карабатиќ, Конку и Лене, а сега на оваа листа се приклучија и Десбоне, Деска, Мине, Нахи и Пранди.

Сега селекторот Гијом Жил тренира со само 13 ракометари, а и покрај тоа што сега позитивните имаат доволно време да се вратат пред почетокот на првенството останува да видиме каква ќе биде нивната форма за мечевите против Хрватска, Србија и Украина.

Се вчитува...