Короната повторно прави проблем и во ракометот – Мечот на Хановер на Кузмановски против Фленсбург одложен!

Коронавирусот повторно почна да прави проблем во спортот. Холанѓаните први решија натпреварите од домашниот фудбалски шампионат да ги играат без публика, а рестрикции веќе има и во другите европски држави.

Проблеми со короната повторно почнаа и во ракометната Бундеслига. Откако ракометарот на Фленсбург Симон Халд и покрај тоа што е комплетно имунизиран, по два рапид и еден ПЦР тест заврши во карантин. Нема силни симптоми и се очекува без проблеми да го преброди периодот, но Бундес лигата веднаш реагираше и го одложи овој натпревар.

Поради ова одложен е мечот на Фленсбург против Хановер на македонскиот интернационалец, Филип Кузмановски, а се уште не е познато кога ќе биде одигран овој натпревар.

Се вчитува...