Коронавирус и повреди – хаос кај „триколорите“ на 20 дена до стартот на ЕП 2022

Ракометната репрезентација на Франција се соочува со огромни проблеми на дваесетина дена пред почетокот на ЕП 2022, откако селекторот Жил остана без помошта на неколку стандардни првотимци.

Најлошо од сите мина десниот бек Недим Ремили, кој поради тешка повреда на стопалото ќе мора да отсуствува извесен период и дефинитивно ќе го пропушти европскиот шампионат.

Покрај тоа, коронавирусот влезе во таборот на „триколорите“, па на денешното тестирање биде добиени три позитивни резултати. Лидерот на националниот тим, Никола Карабатиќ, ќе го пропушти стартот на подготовките бидејќи се наоѓа во самоизолација, заедно со Беноа Кунку и со Јанис Лене.

Покрај нив, подготовките нема да ги стартува ниту првиот голман Винсан Жерар, кој добил слободни денови од селекторот поради семејна трагедија.

Франција својот прв меч на ЕП 2022 ќе го игра на 13 јануари, против селекцијата на Србија.

Се вчитува...