Коронавирус и во Баерн Минхен

Баерн Минхен вечерва објави за позитивен случај на Covid-19 во редовите на актуелниот европски првак. Германскиот репрезентативец Серж Гнабри е позитивен на коронавирус, во тестирањето што било извршено во пресрет на утрешниот премиерен натпревар од ЛШ против Атлетико Мадрид.

„Серж Гнабри е позитивен на Covid-19. Нашиот офанзивен фудбалер се чувствува добро, но согласно протоколите се наоѓа во самоизолација“, соопштија од раководството на Баерн Минхен.

Ова е нов проблем за тренерот Флик при составувањето на навалната линија за мечот со Атлетико, со оглед на фактот дека поради повреда надвор од тимот е и Лирој Сане.

Се вчитува...