Коронавирус и во „балонот“ на Златибор

Коронавирусот влезе и во АБА2 „балонот“ на Златибор откако тренерот на српскиот тим Младост, Драган Јаковљевиќ е позитивен на последните тестирања на овој вирус.

Тимот од Земун веќе одигра два дуела, против Хелиос и Слобода, од кои едниот во понеделникот, а вториот вчера. Српскиот состав преостанатите две средби, меѓу кои е и натпреварот против Работнички, закажан за 16. ноември, ќе мора да ги игра без својот прв тренер, но останува непознато дали и други членови на овој тим се позитивни.

Ова е втор случај со коронавирус во АБА 2 лигата, откако претходно хрватскиот претставник Горица го откажа своето учество на „балонот“ поради позитивните случаи кај тројца кошаркари пред тргнувањето на пат за Златибор.

Се вчитува...