Борусија Менхенгладбах е вториот германски прволигаш кој имаше позитивни фудбалери во својот табор, при задолжителното тестирање пред продолжението со тренинзи. Келн беше првиот колектив со позитивни тестови на Ковид-19, потоа се појавија и второлигашите Динамо Дрезден и Ауе, за денеска да биде обелоденето дека болеста е раширена и во тимот од Менхенгладбах.
„Два члена на Борусија Менхенгладбах, еден фудбалер и еден физиотерапевт, се позитивни на коронавирусот. Двајцата воопшто не пристигнале во тренинг-базата и се наоѓаат во домашен карантин“, објавија германските медиуми.
Германската влада утре треба да ја објави конечната одлука дали да даде зелено светло за продолжение на сезоната во Бундес-лигата, кое според медиумите е најавено за 15 мај.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА