Коронавирус и во Реал Мадрид!

Реал Мадрид е во карантин, а тренинг-центарот „Валдебебас“ е затворен откако беше обелоденето дека еден играч на кошаркарскиот клуб на „кралевите“ е позитивен на коронавирус.

Идентитетот засега се чува во тајност, но со оглед на фактот дека фудбалерите и кошаркарите користат дел од истите простории во тренинг-центарот, сега сите членови на двата спортски колективи се ставени во карантин.

Повеќе од јасно е дека Реал Мадрид нема да го игра следниот меч од Ла Лига против Еибар, а крајно неизвесно е дали „кралевите“ ќе можат да се појават на терен на реваншот од Лигата на шампионите против Манчестер Сити.

Се вчитува...