Коронавирус и во тимот на Кире Лазаров

Коронавирусот почна да предизвикува хаос и во ракометна Франција, откако се појавија шест случаи на Covid-19 во Монпелје, а денеска беше обелоденето дека позитивни случаи има и во Нант, екипата каде настапува Кире Лазаров.

Токму Нант го играше големото дерби со Монпелје пред неколку дена, по што по позитивните случаи кај ривалот челниците на клубот решија повторно да ги тестираат сите ракометари, при што се добиени два позитивни резултати.

„По враќањето од двојното гостување во Монпелје и во Алборг, тестовите извршени во четвртокот донесоа два позитивни случаи меѓу нашите ракометари. Заразените играчи веднаш се ставени во самоизолација, а за денеска се закажани нови тестови. Клубот прави се што може за да ги заштити сите свои членови, здравјето е наш приоритет“, се вели во соопштението на Нант.

Се вчитува...