Коронавирус и во тимот на Лазаров, откажана контролата со ПСЖ

Францускиот прволигаш Нант, за кој настапува и македонскиот капитен Кире Лазаров, е најновиот ракометен колектив што пријави позитивен случај на коронавирус. Сите ракометари на Нант биле тестирани во текот на вчерашниот ден, а еден од тестовите бил позитивен, поради што е откажан и пријателскиот натпревар против ПСЖ што требаше да се игра в петок.

„Ракометарот што е позитивен веднаш е ставен во самоизолација. Здравјето на сите членови останува приоритет на нашиот клуб“, соопштија од раководството на Нант.

Екипата на Нант ја заврши ланската сезона во француското првенство на второто место, со што си обезбеди учество во Лигата на Шампионите.

Се вчитува...