Коронавирус кај Словенците на десет дена пред мечот со Македонија

Репрезентацијата на Словенија од вчера продолжи комплетна со подготовките за ЕП 2022, но првиот ривал на Македонија на претстојниот шампионат се соочува со сериозен проблем што го носи коронавирусот.

Денеска беше евидентиран првиот позитивен случај на Covid-19 во словенечкиот табор, откако голманот Урбан Лесјак беше ставен во самоизолација.

„По првите два позитивни антиген тестови, Лесјак замина во самоизолација. ПЦР тестирањетосамо го потврди позитивниот резултат“, објавија од Словенечката Ракометна Федерација.

Останува да се види дали ова е единствениот случај или повторените тестирања закажани за утре ќе ги зголемат главоболките на селекторот Врањеш.

Само за потсетување, Словенија ќе биде ривалот против кого Македонија ќе го отвори настапот на ЕП 2022, на мечот закажан за 13 јануари во Дебрецин.

Се вчитува...