Коронавирус влезе во Франција пред финалето во Лига на нации против Шпанија

Селекторот на фудбалската репрезентација на Франција, Дидие Дешамп се соочува со големи проблеми пред финалето во Лигата на нации против Шпанија кое на програмата е утре. Среднистот на тимот Адриен Рабио нема да биде дел од тимот на утрешниот меч поради позитивен тест на коронавирус.

Рабио е во изолација и нема да патува со останатите репрезентативци во Милано. Наместо него дополнително во репрезентацијата ќе биде повикан Орелиен Чумени. Добра вест за Дешамп е што ниту еден од останатите репрезентативци не пријавува симптоми на ковид-19 па ќе може да бидат во игра за настап на утрешниот меч.

Финалето од Лигата на нации меѓу Франција и Шпанија ќе се игра утре во 20.45 на „Сан сиро“ во Милано.

Се вчитува...