Коронавирус во АБА 2 лигата

Коронавирусот влезе и АБА2 Златибор, откако Горица го откажа натпреварувањето по позитивните тестови на тројца кошаркари на овој клуб. Хрватскиот претставник денеска требаше да го игра својот меч од првото коло против Широки Бријег, но дуелот е откажан откако Горица објави дека нема да се натпреварува на првиот турнир на Златибор.

„Согласно безбедносниот протокол во АБА2, сите екипи кои се дел од турнирот беа тестирани пред доаѓањето. Како што беше утврдено, Горица има неколку кошаркари кои се позитивни, поради што тимот воопшто не допатува во Златибор“, соопштија челниците на регионалното натпреварување.

Дополнително ќе биде донесена одлука дали овој клуб ќе учествува на наредните два турнири од АБА2.

Се вчитува...