Коронавирус во португалскиот табор пред ЕВРО 2020

Португалија е најновата репрезентација што се соочyва со проблеми со коронавирус во своите редови на самиот почеток од европскиот шампионат.

Жоао Кансело е фудбалерот кој бил позитивен на задолжителните тестирања во португалскиот табор, по што асот на Манчестер Сити веднаш е ставен во самоизолација и ќе го напушти собирот на националниот тим. Сите останати фудбалери добиле негативни резултати, но утре ќе биде извршено ново тестирање, по што ќе се знае дали десниот бек е единствениот кој нема да може да настапи на првите две средби на Португалија на ЕВРО 2020, против Унгарија и Германија.

Местото на Кансело во стартниот тим ќе му припадне на Нелсон Семедо, а португалскиот селектор дополнително го повика Далот од Милан, кој денеска ќе се приклучи на репрезентативниот табор.

Се вчитува...