Коронавирус во Црвена Звезда: Српскиот првак десеткуван на мегдан со Лудогорец

Црвена Звезда ќе биде драстично ослабена за претстојниот меч од Лигата на Европа против Лудогорец откако четири фудбалери на српскиот првак беа позитивни на коронавирус на последното тестирање пред патувањето за Бугарија.

„Црвено-белите“ имаа проблеми со стомачен вирус кај дел од фудбалерите, поради што им беше одложен еден меч од домашното првенство, за тренерот Станковиќ сега да се соочи со уште поголеми главоболки. Четирите позитивни се клучни првотимци на Црвена Звезда, станува збор за голманот Борјан, дефанзивците Дегенек и Драговиќ, како и главниот креативец Катаи.

„При редовното тестирање беше утврдено дека четирите фудбалери се позитивни на коронавирус. Тие заминуваат во самоизолација и нема да патуваат за Бугарија. Остатокот од тимот тренира нормално и се подготвува за мечот со Лудогорец“, објави Црвена Звезда.

Се вчитува...