Коронавирусот диктира: Реал Мадрид го купува Сергеј Милинковиќ Савиќ за 70 милиони евра?

Глобалната светска криза влијае и на фудбалот, а сумите на трансферите и на најдобрите светски фудбалери веќе нема да одат до плафон. Оваа ситуација можат да ја искористат моќните клубови и дури и да профитираат од моментот на пандемијата со коронавирусот. Тоа сака да го направи Реал Мадрид и да го доведе српскиот интернационалец Сергеј Милинковиќ Савиќ за сума од „само“ 70 милиони евра.

Претседателот на Лацио, Клаудио Лотито, не сакаше ниту да слушне за продажбата на фудбалерот со најголема вредност во тимот под 120 милиони евра. Но, клубот е значително финансиски ослабен во моментот и можеби ќе мора да продава и за многу помали суми.

Првиот човек на „кралскиот клуб“, Флорентино Перез, сака да го доведе Србинот на „Сантијаго Бернабеу“ и ќе понуди 70 милиони евра. Можно е дури во понудата да биде и вклучен уште еден српски интернационалец Лука Јовиќ, кој би се преселил во Рим, а Лацио би добил и дополнителни 20 милиони евра.

Се вчитува...