Коронавирусот ги одложува сите спортски натпревари викендов во земјава!?

Викендов Македонија ќе биде без спортски натпревари доколку Владата на РСМ на денешната своја седница закажана од 11 часот го прифати предлогот на Министерството за здравство за забрана на сите големи јавни собири во земјава како превенција од коронавирусот.

Министерот за здравство Венко Филипче утрово информираше дека ќе предложи до Владата да се забранат сите големи јавни собири на една недела, без разлика дали се на отворен или затворен простор вклучувајќи ги и спорските натпревари. Овој предлог синоќа бил доесен и на состанокот во Центарот за управување со кризи.

„Роковите на масовни собири ќе се знаеат после седница на Влада. Ние ќе препорачаме тоа да биде до следниот петок, а понатаму ќе се види како ќе се одвиваат работите“ – информира на прес конференција министерот за здравство, Венко Филипче.

Според препораките, се очекува до 6. март да се запрат сите спортски собири во земјава, како дополнителна мерка за заштита од ширење на коронавирусот во земјава.

Викендот, според натпреварувачкиот календар, во Македонија треба да се играат натпреварите од водечките две фудбалски лиги, но и натпреварите од кошаркарското и ракометното првенство.

Се вчитува...