Коронавирусот коси и на Ролан Гарос (ФОТО)

Петмина тенисри нема да можат да се борат за учество на Ролан Гарос преку квалификациите затоа што двајца од нив се позитивни на коронавирусот, а тројца биле во близок контакт со тренерот за кој беше потврдено дека е позитивен на COVID-19.  Директориумот на грен-слемот го потврди ова во официјално соопштение сепак необјавувајќи ги имињата на тенисерите. Балканските медиуми објавија дека еден од тенисерите кој нема право на настап е Дамир Џумхур поради позитвниот тест на неговиот тренер Петар Поповиќ.

 

 

Квалификациите за Роланд Гарос почнуваат денеска, турнирот ќе трае до 11. октомври. Земјениот грен-слем кој традиционално се одржува на пролет беше одложен поради пандемијата на коронавирусот.

 

Се вчитува...