Коронавирусот на Балканот го одложува почетокот на АБА-лигата!?

Регионалната АБА-лига нема да стартува согласно планираното поради епидемиолошката ситуација во регионот.

Лигата требаше да стартува на 19. септември, но се поизвесно е дека почетокот ќе биде поместен за две недели поради зголемениот број случаи позитивни на коронавирусот во Србија, Црна Гора и Хрватска. Конечната одлука ќе биде донесена до крајот на месецот.

Претходно веќе беше откажан Суперкупот од АБА лигата кој требаше да се одржи во Подгорица седум дена пред почетокот на сезоната.

Се вчитува...