Коронавирусот навлезе и во Ријека

Хрватскиот прволигаш Ријека се соочува со големи проблеми откако седум играчи на овој тим се позитивни на коронавирусот. Согласно со прописите, клубот побара одложување на престојното коло, а под знак прашање е и гостувањето во рамките на Лига Европа каде хрватскиот претставник треба да се сретне со Наполи.

„Преку оваа прилика сакаме да ја известиме јавноста дека по новиот круг на тестирање со денешен датум (понеделник, 16. ноември 2020) седум играчи на Хрватскиот фудбалски клуб Ријека се позитивни на коронавирусот“ – стоеше во соопштението од клубот.

Среќна околност е отсуството на нашиот репрезентативец, Дарко Велковски кој во моментот е со А-селекцијата која замина за Кипар за мечот против Ерменија во Лигата на нации.

Се вчитува...